Деветгодишната Мамати Винот од Онтарио, Канада, постави – не еден, туку дури три светски
рекорди во вртење хулахоп! Таа имаше најмногу вртења на хулахоп на глуждот во една минута – 110 пати. Исто така, постави рекорд и во хулахоп-ротации околу колената додека е во позиција за танцување – за 30 секунди свртела 62 пати. Третиот рекорд се однесува на најмногу вртења на хулахоп на колената додека носи ролерки – за 30 секунди свртела 76 пати. Мамати е родена во Индија, а во Канада се преселила кога имала пет години. Нејзината мајка, која и самата знае да врти хулахоп, изјавила дека Мамати почнала да врти пластичен обрач околу половината, вратот, рацете и нозете кога имала две години. За да ја усоврши својата техника, таа вежба секојдневно, после училиште.

No responses yet