Списанијата ПРВ ДЕТСКИ КЛИК (1-2 одд.) и ДЕТСКИ КЛИК (3-4 одд.) се модерно дизајнирани списанија наменети за ученици од прво и второ, осносно трето и четврто одделение од основните училиштa во нашата земја и ги покриваат содржините предвидени со наставната програма во основното образование.

Идејниот концепт на списанијата е да бидат извор на знаења за учениците и корисен дополнителен ресурс за наставниците по сите предмети што се изучуваат во овие одделенија, а особено по воведувањето на адаптираните наставни програми по математика и природни науки.

Овие две списанија веќе на прв поглед се издвојуваат од другите на пазарот и истовремено одговараат на потребите на денешните деца. Преку нив, на учениците им се нуди можност да прочитаат содржини посветени на образованието, културата, здравството, науката и сл., но сето тоа во корелација со предвидените наставни содржини и во чекор со современите општествени текови и најнови научни откритија.

ПРВ ДЕТСКИ КЛИК и ДЕТСКИ КЛИК се богати со ИКТ содржини. На различни места низ рубриките се наведени дополнителни врски до интерактивни содржини, достапни на интернет страницата Dklik.mk, а кои ќе најдат директна примена во реализација на наставната програма.

Овие прилози се адаптирани на мајчиниот јазик на децата и се однесуваат на конкретни методски единици.

Сите содржини во списанијата ги подготвува високоспецијализираниот и искусен кадар на „Арс Ламина – публикации“ со помош на широк стручен консултантски тим од наставниот процес.

Списанијата излегуваат двапати месечно за време на училишната година.