Австралиските научници откриле вид голем пајак кој живее само во Квинсленд, на истокот на овој континент.
Женките од овој вид може да живеат повеќе од 20 години и да пораснат до 5 см во должина. Мажјаците растат до 2 см. Латинскиот назив на овој вид пајак е Eupolos dignitas што значи разноликост или големина. Женките имаат црвено-кафена боја, додека мажјаците имаат меденоцрвен надворешен дел и сиво-кафен стомак. Живеат во шумски предели каде копаат дупки во земјата.
Инаку, најголемиот пајак на светот е познат како голијат јадач на птици и е долг околу 13 см, со распон на нозете до 30 см (поголем од чинија).
No responses yet