Постојат неколку дисциплини на возење велосипед:

Друмски велосипедизам: Се одвива по асфалтирани патишта, а најпознати трки во оваа дисциплина се Тур де Франс и Џиро д’Италија. Во оваа дисциплина, велосипедите имаат мала тежина со цел да се намали отпорот на триење меѓу тркалата и подлогата.

Ридски велосипедизам: Оваа дисциплина се одвива во природа, на нерамни терени (планини, шуми итн.). Притоа, се користи велосипед со лесна конструкција, со широки гуми и со преден и заден амортизер со цел да се ублажат ударите од нерамниот терен.

Крос-велосипедизам: Се одвива на патеки со различни пречки, обично на кружни патеки со должина од два до пет километри.

Екстремен велосипедизам: Во оваа дисциплина се користи посебен велосипед, наречен БМХ, кој има мала и лесна конструкција, што му овозможува на возачот да прави разни акробации.

Велодромски велосипедизам: Се одвива на обични патеки или на специјални, овални патеки со должина од 250 до 300 метри. Притоа, велосипедот и облеката на возачот имаат аеродинамична конструкција со што се постигнува поголема брзина.

No responses yet

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *